Св. 40 Севастиски мч-ци – Младенци

На 22.03.2018 година, на празникот Св. 40 Севастиски мч-ци – Младенци , св. 40 Битолски нмч-ци, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови во Соборниот храм „ Пресвета Богородица“ – Гостивар, во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Боге Богојески, протопрезвитер Марјанчо Мадевски. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.